
Новартис е огромна фармацевтска компанија со 100 илјади вработени, канцеларии и поле на дејствување во 140 земји. Во Fortune 500 листата се наоѓа на 181 место, пред Пепси, Интел, Канон и Моторола. Во последниот квартал од годината само продажбата на вакцини против новиот грип, според нивните очекувања ќе донесе од 400 до 700 милиони долари. Тие минатата година остварија чист профит од 12 милијарди долари, а инвестираа над 7 милијарди долари во истражување и развој.

Дел од тоа „истражување и развој“ случајно бев и јас: од септември до декември минатата година, со фирмата за која работам, имплементиравме софтверски проект за Новартис. Се работи за веб апликација која фирмата ја користи за контрола и репортинг на тестирањата кои ги прават во нивните лаборатории. Пријатно ми е чувството кога гледам дека мојот труд е дел од еден глобален напор кој треба да му донесе подобро утре на човештвото.










