А1: По Брест, полициските специјалци го посетија и Долно Блаце. Утрово во претресот на само 7 куќи во ова скопско погранично село откриле 21 парче оружје - тешки митралези, ракетен фрлач, автомати, карабини, пиштоли.
Запленето и големо количество муниција и експлозивни средства - дури 50 гранати за фрлач, 14 тромблонски мини, рачни бомби, нитроглицерин и над 3.000 куршуми.
„Приведени се 13 лица, со нив во моментов се работи, случајот се документира, по што ќе следи поднесување кривична пријава“, изјави Горан Павловски, шеф на кабинет во МВР.
Само продолжете така. Крајно е време да се започне со претреси на имоти и да се бара нелегално оружје. Кој го нема, нема за што да се плаши. А за да се плашат тие што го имаат, треба професионално да се вршат претресите, да се апсат лицата на чиј имот ќе се најде оружје, но и експресно да се осудат, со најмалку 3 години затворска казна. Тоа ќе испрати јасна порака за сите кои по куќите чуваат цели арсенали. Додека „пукаа на свадби“, пола Западна Македонија не спиеше, ајде сега тие малку нека не спијат мирно ноќе.
Замисли си, претресени се само 7 куќи, а во нив се најдени 21 парче воено оружје. Тоа се просечно 3 оружја по куќа! А да не зборуваме за муницијата... На кого и за каква цел денес му треба да чува оружје дома?




0 comments:
Post a Comment