Thursday, August 18, 2005
Древно златно богатство откриено во Бугарија
Бугарските археолози најдоа околу 15.000 златни парчиња кои датираат од некаде пред 4.100 и 4.200 години. Се работи за минијатурни златни прстени, толку вешто изработени, што нивните спојки не се гледаат со обичен микроскоп.
Археолозите не знаат кои се овие луѓе, но ги нарекуваат прото - Тракејци, претци на Тракејците кои живееле на подрачјето од денешна Бугарија, Грција, Македонија, Турција и Романија, се' до Осмиот Век од нашата ера, кога биле асимилирани од Словените.
Мртвите ги погребувале така што ги кремирале, па ги затрупувале нивниот пепел, личните вредни предмети и церемонијалните подароци со земја, означувајќи го со тоа високиот социјален статус на покојникот.
Инаку, најстарото откриено светско златно богатство исто така се наоѓа во Бугарија. Во близина на градот Варна се наоѓа погребен комплекс од Петтиот милениум п.н.е., во кој исто се најдени многу златни предмети.

Subscribe to:
Post Comments (Atom)

0 comments:
Post a Comment