Малку морбидна тема, но интересна како концепт. Во Шведска е развиен сосем нов, „еколошки“ начин на погребување, кој не е ни традиционално закопување, ниту пак горење во крематориум.Процесот се вика Promession, се врши во Promatorium и се состои од замрзнување на ковчегот со трупот на починатиот на -18oC, за потоа да се стават во течен азот, изладен на -196oC. Таа температура ги прави екстремно кршливи. Со помош на вибрирачка плоча, остатоците се толчат во ситен прав, а со магнетно поле се отстрануваат сите метали кои биле во телото (вештачки колкови, забни пломби и протези, и слично).
Потоа, остатоците се ставаат во ковчег кој е биоразградлив, направен од вегетативни материјали. Ковчегот се закопува во плиток гроб, каде сосем ќе се разгради во земјата за 6 до 12 месеци. Ужалените често садат дрво или грмушка врз гробот, со цел тоа да ги апсорбира нутриентите од остатоците.
Цената на чинење на ваквиот погребен процес е сличен со кремирањето -- околу една третина од цената на погребна парцела и традиционален закоп.
Линкови:
» Promession;
» Брошура (PDF).




0 comments:
Post a Comment