
Според нивните пресметки, еден FEG (Flying Electric Generator) од 240W, со дијаметар на роторите од 10m може да генерира електрична енергија за помалку од 2 цента од киловат-час, со што всушност е најефтиниот извор на енергија во светот. Ако потребите од електрична енергија се поголеми, тогаш на една иста локација може да се постават повеќе уреди. Споредени со ветерници монтирани на земја, овие летечки ветерници имаат повеќе предности, покрај повеќекратно пониската цена на енергијата.
На пример, временски повеќе ќе се искористуваат бидејќи ветриштата во големите височини (5km и нагоре) не престануваат, па оттука еден просечен FEG ќе оперира цело време со 70% - 90% од капацитетот.
Втор, исто многу важен фактор е што изборот на самата локација исто така нема да игра голема улога (како кај земните ветерници), затоа што генераторите се на огромни височини. Всушност, единствена „локација“ која не одговара за поставување на овие еколошки извори на струја е Екваторот, бидејќи таму се минорни ветриштата дури и на поголеми висини (ако те интересира зошто е ова вака, треба да прочиташ за jetstreams).
Македонија нема никакви, ни најскромни обиди навистина да стори нешто за производство на електрична енергија од еколошки извор, иако имаме дури и посебно министерство за екологија. Пред извесно време, имаше една идеа да се постават (земни) ветерници на сртот на Водно, но сеуште ништо од тоа. Јас би сакал (како граѓанин и плаќач на данок) Македонија да порача вакви уреди од Sky WindPower Corporation, или уште подобро, самата да си ги направи, бидејќи воопшто не се комплексни, и да биде пионер во светот за оваа нова и иновативна технологија.
Кога ќе се земат во обзир просечните цени на електричната енергија која се добива на овој начин, и со обзир на идеалната географска положба, верувам дека самата инвестиција многу брзо ќе се исплати. Како и да е, многу подобро отколку да гориме јаглен за најголемиот дел од нашите енергетски потреби, нели?
Не мора да значи дека само „државата“ е таа која може да се зафати со овој проект. Освен министерствата и ЕСМ, оваа идеа може да биде профитабилна и за приватниот сектор. Anybody?
Линк: Sky WindPower Corporation.




0 comments:
Post a Comment