Saturday, May 27, 2006

Cost per click рекламен модел на Google AdSense

Овој текст е продолжение на текстовите „Online advertising“ и „Online advertising со Google AdSense“.

2. CPC (Cost Per Click)

Вториот рекламен модел кој Google AdSense го нуди, и воедно најпопуларниот, е CPC (Cost Per Click), односно плаќање според кликовите на рекламите. Во рамки на овој модел, генерално постојат два начина да се заработи: со клик на реклами поставени на страниците од веб сајтот (AdSense for content), или со клик на реклами кои се појавуваат при барање според клучни зборови (AdSense for search). Да ги погледнеме двата начина на CPC рекламирање.

2.1. AdSense for content

Google AdSense ти дава можност како веб издавач да поставиш најмногу 3 полиња на една страна, на кои ќе се прикажуваат реклами. Полињата се наречени Ad unit и можат да бидат во разни преддефинирани ширини и висини, а можат да бидат или текстуални линкови, или слики. Можеш да избереш да се прикажуваат само текстуални реклами, само графички, или и едните и другите.

Освен Ad unit, можеш да прикажеш и едно „линк поле“ (Link unit), односно листа со линкови кои, ако се кликнат, отвораат страница на која има повеќе реклами од таа област. Вака изгледаат двата типа AdSense for content полиња (лево е Ad unit, а десно е Link unit):

AdSense for content
Кај двата типа може да се избираат боите на текстот, линковите, рамката и позадината. Иако не мора да е правило, но некои искуства покажуваат дека најдобри перформанси покажуваат т.н. „претопени“ (blended) реклами, односно тие кои не отскокнуваат од останатиот дел од страната според својот стил. Од друга страна, некои веб издавачи намерно избираат реклами кои се различни, со цел полесно да го привлечат вниманието на читателот.

Вистината е најверојатно дека изборот на боите зависи од тоа што сака да се постигне, од типот на сајтот и од вкусот на веб издавачот. Изборот на стиловите на рекламите е материјал за безмалку цела наука и затоа не планирам да навлегувам пошироко во тој домен.

Независно дали се поставени AdSense реклами од видот Ad или Link, Google употребува технологија со која ќе ги одреди клучните зборови на страницата, па според нив прикажува соодветни реклами или теми. На пример, ако твојот сајт зборува за лекови, рекламите ќе бидат поврзани со лекови, фармацевтски компании и слично. Со тоа не само што тие не се нападни за читателот, туку и му нудат можност да прочита (или купи) нешто повеќе од областа која е обработена на сајтот.

Една негативна страна на пристапот на Google, во рамки на опишаното погоре, е ако веб издавачот пишува на јазик за кој има малку регистрирани клучни зборови (ги регистрираат корисниците на Google AdWords, програмот за веб адвертајзерите). Имено, блог кој е исклучиво на македонски јазик ќе има многу помалку реклами, или тие ќе бидат многу помалку платени, дури и ако многу наши компании се вклучат во Google AdWords програмата. Од друга страна, блог на англиски јазик, кој таргетира клучни зборови во некоја високо-компетитивна област (како што се на пример: недвижнини, лекови, софтвер за бизнис менаџмент, накит и слично), ќе има многу реклами кои ќе се плаќаат повеќе.

И кога сме кај вредноста на кликовите на рекламите, најниската вредност е 1 цент, додека некаде се спомнуваат и кликови кои вредат и по пеесеттина долари, но ова е огромна реткост (можеби и мит). Најчестата вредност е некаде под 10 центи од клик, колку што можев да забележам од една година експериментирање со Google AdSense. Барем за сајт како овој (не е на англиски јазик, нема високо-компетитивни клучни зборови), вредноста на рекламите се движи во тие рамки.

2.2. AdSense for search

AdSense for searchGoogle AdSense дава можност веб издавачите на своите сајтови/блогови да постават поле за пребарување, кое ќе им генерира профит. Кај мене тоа е полето за пребарување кое се наоѓа под насловот на блогот.

Кога посетителот на сајтот ќе го употреби полето за пребарување, внесувајќи клучни зборови и кликнувајќи на копчето Search, од Google ќе добие генерирани резултати во реално време, исто како пребарувањето да било извршено на google.com. На страната ќе бидат прикажани и спонзорирани линкови, јасно означени за да нема забуна со другите search резултати. Ако посетителот кликне на некој од спонзорираните линкови, тоа ќе му донесе профит на веб издавачот.

Следниот пост од мини-серијалот за online advertising ќе продолжи со опишување на последниот рекламен модел на Google AdSense, каде се плаќа за прикажување на рекламата на веб сајтот.

0 comments:

Blog Archive

MK Blog Search


MAK Blog Search

Search through posts from Macedonian blogosphere.

MK Forum Search


MAK Forum Search

Search through posts from Macedonian forums.

Important Links

Macedonian Top Blog

Macedonian Folk Songs

Say: Macedonian

Posts @ Email

Site Statistics

Readers