
Најчесто играни жанрови на компјутерски игри, според истражувањето, се тркање (75%), сложувалки (72%), спорт (68%), акција (67%) и авантура (66%). И покрај тоа што медиумите многу почесто ги застапуваат, изненадување се ниските места на FPS (47%), но и MMO или виртуелни светови, кои се при дното со 21%, односно 10% респективно.

Позитивните податоци од ова истражување, заедно со фактот дека игрите ја подобруваат моториката, концентрацијата, носењето одлуки, времето на реакција и друго, кажуваат дека не може толку лесно да се гледа на нив само од еден аспект и континуирано да се сатанизираат како лоши.

Имајќи во предвид дека постојат и образовни компјутерски игри, специјализирани за одредени возрасти или во рамки на наставни програми, очигледно е дека „играњето компјутерски игри е лоша работа“ не може и понатаму да се зема како аксиома.

Точно е и дека претерувањето со играње не чини (впрочем, претерување и со други работи не чини), па затоа е логично да се заклучи дека вистината е некаде на средина: играње компјутерски игри е добро, сè додека се има контрола над видот на игрите и времето кое се поминува во играње.

Link: Pew Internet Project.




5 comments:
Ех, како и да е, јас не играм игри (или играм премногу ретко), мислам дека го отупуваат мозокот, и не сум видел корист од ниту една игра што сум ја играл (порано играв) досега. :)
Корист:
1. Ја развива моториката на рацете: координација, прецизност, просторно снаоѓање... Ќерка ми игра компјутерски игри соодветни за нејзината возраст уште од 3 години.
2. Преку игрите ќерка ми научи да чита.
3. Научи да зборува по малку англиски.
4. Научи сама да бара податоци на Интернет.
5. [...]
За отупувањето на мозокот: татко ми речиси секоја вечер пред спиење си игра шах по час, два.
Заклучок: генерализирани заклучоци се погрешни. Игрите имаат и позитивен и негативен ефект, зависно од повеќе фактори. Заедничко за сите случаи е дека не треба да се претерува, секако.
Имам компјутер од 6 години, игрите не ме натераа да седнам пред компјутер (иако ги играв нормално), повеќе обожавав да чепкам по други работи во софтверот и сепак, јас:
1. Координација, прецизност, просторно снаоѓање не научив од компјутерски игри. (Иако не велам дека неможе да се научи).
2. Читање - Ако мислиш македонски читање (а верувам на тоа мислиш), научив од Бушавата азбука на ТВ =)
3. Англиски, научив од самиот компјутер, ама не од компјутерски игри туку од интернетот.
4. Интернетот го научив од желбата што имав да разгледам податоци. Игрите немаа никаква поврзаност со мојата желба да научам.
5. [...]
Сепак не велам дека сѐ што наведов овде е закон и мора да важи за секого, кога пишувам нешто - пишувам за тоа како јас сум го осетил тоа за што авторот пишува. Сето тоа е мое мислење и според нешто што мене ми се случило. Само кажував дека немам видено корист од игра, и штетни ми се. Велам дека се што може да се научи од комјутерските игри, може да се научи на сосем малку потежок пат. Престанав да играм игри пред 1 година.
Се разбира, точно е тоа дека компјутерските игри се тие што ги навлекуваат децата на компјутерите во поголем дел од случаите, но кога еден човек (дете) ќе заклучи дека компјутерот е создаден за:
1. Игри
2. MSN
3. Hi5, Myspace и штомитија знам
4. Wikipedia (некои не ни знаат за неа)
човекот/детето постанува ограничен во неговите знаења околу компјутерите и 90% од децата што ги знам околу мене не се ни трудат/не сакаат да научат нешто повеќе, нешто што ќе им го прошири видикот. Со игрите кога еднаш ќе се почне премногу се претерува, се додека не се добие одредена свест дека се уништуваш со самото тоа, но во ретки случаи може и да биде доцна.
Јас си останувам на мојот став, ти остани си на својот.
Ако си возрасен човек, наместо да му купиш на детето компјутер кој што 90% од времето кога ќе биде на него ќе го користи за игри (а го претпоставувате тоа), подобро е да му купите играчка конзола. Ако не пројави голем интерес околу неа, тогаш купете му комјутер, па ако е толку инаетлија оставете го да игра на него.
Мојата 3,5 годишна ќерка прилично добро разбрира англиски од гледање Dora The Explorer. Игра со тачпад и со стрелки без да гледа у нив. Веќе знае неколку латиничи букви.
Ако детето има контакти со други деца, градинка, школо, ако родителите му посветуваат по неколку саати у денот мислам дека ингрите без насилство може да се корисни.
Се мислам да и земам и Nintendo WII наместо гимнастика :)
Post a Comment