- Република Македонија е резултат на вековниот стремеж за самостојна држава на Македонците. Овој клучен факт мора постојано да се реафирмира, бидејќи радикалите од нашето соседство упорно го забораваат или се обидуваат да го извитоперат.
- Ниедна друга група луѓе нема право да им кажува на граѓаните на Македонија како ќе се вика нивната држава. Во име на праведноста мораме да опстоиме на ова тврдење, бидејќи нашата праведност најдобро се гледа кога сме исправени пред тешки одлуки, не пред лесни.
- Македонците не се директна, чиста генетска лоза која произлегува од Античките Македонци, но истото важи и за денешните Грци и други народи. Со други зборови, Грците немаат поголемо право врз античката историја во споредба со Македонците, особено не такво право кое ќе инсистира на нивен ексклузивитет врз историјата на Јужниот Балкан.
- Не постои „Македонски иредентизам“ од такво ниво како што сака да прикаже Грција, особено не такво тело кое би работело активно (воено) на присоединување на Егејска Македонија кон Република Македонија. Македонците се вакви и такви, но сигурно не се толку „отидени“ да прекројуваат граници на држави по етнички критериум.
- Грција веќе еден век перманентно употребува фашистички и расистички методи со цел да ги збрише сите трагови за постоење на Македонски народ и посебно, македонско малцинство во Грција. Прифаќање друго име ќе значи круна на нивниот успех и нови страдања на Македонците во Грција.
- Официјална Грција не дозволува враќање назад на децата бегалци, условувајќи ги со потпишување изјави дека се “Грци по ген“, што е чист расизам преточен во закон. Зарем ќе капитулираме пред едни лажливи, мизерни, хистерични расисти, во Европа, во 21 век?
- Евентуалното менување на името нема автоматски да значи просперитет за Македонија. Клучните реформи секако треба самите да ги спроведеме на дело, а најголемата реформа треба да се случи во нашата свест.
- Имајќи ги во предвид нескриените аспирации на соседите, секое релативизирање на нашиот идентитет само ќе им даде аргумент да тргнат во нови походи по нашата историја, јазик, култура и сè друго до што можат да се дочепаат.
- Веќе 126 земји, од околу 160 со кои имаме дипломатски врски, решија да нè нарекуваат „Република Македонија“ во име на правдата и правичноста, и покрај огромниот и многу посилен дипломатски притисок на Грција. Зарем така лесно ќе ја отфрлиме оваа толку очигледна поддршка, без никаква борба?
- Македонците за кои „честа“ е повеќе од збор ќе мора да одат со наведнати глави до крај на животот, слушајќи го подбивот на соседите или било кои други (отвори било кој Интернет форум во кој учествуваат балканци и ќе забележиш дека дијапазонот на навредливи имиња за нас веќе е премногу широк). Што е уште пострашно, срамот нема да е само пред соседите кои ни се современици, туку и пред идните генерации, вклучително и нашите деца и внуци. Јас едноставно не можам да живеам со таков товар на душата.
Monday, October 27, 2008
10 причини против промена на името на државата
Subscribe to:
Post Comments (Atom)




3 comments:
најголемата грешка во спорот за името е вметнувањето на историски права, емоции и чест/достоинство како аргументи. тоа се аргументите на грчката страна, а македонската страна се лизна на кора од банана и ги прифати.
не треба така.
единствениот логичен аргумент, кој сам по себе е несоборлив (ама ко ќе го извалкаш со сентиментите паѓа во вода), е дека за да може да се оствари комуникација потребно е секоја страна да биде вклучена по името кое сама го одбрала.
македонија да се држеше до тој принцип, грците ќе беа само обични лудаци кои одат 2500 години во историјата за да оправдаат денешни политики. за жал, за танго се потребни двајца, па сега имаме 2 луди банди кои се занимаваат со квази историја, хунзи, достоинства и генетски истражувања (sic).
и уствари затоа никогаш овој спор нема да се реши.
„Единствениот логичен аргумент“ очигледно е невидлив за Грција, но и за десетината земји кои експлицитно ја поддржуваат нарекувајќи не' ПЈРМ.
Целиов спор настана и опстана само затоа што Грција има многу, многу поголема дипломатска сила. Во споров би барал логика исто колку што би барал правда во војна.
Има грешки многу во проблемов со името, најголемата е прифаќањето на срамната кратенка. Сакам да има повеќе објансувања за тоа што ќе се случеше ако тогаш не влезевме во УН со ова срамно име? Дали ке не снемаше како што не убедува чика Кирче и државникот БЦ? Не мора да биде тоа баш така.
ВУНА,се согласувам дека е погрешно да се преговара со емоции, ама невозможно е да се исклучат целсоно, барем не кај народот, кај преговарачите можда е и можно.
Не заебавај, енкој да ти дојде дома и да сака да те прекрсти и тебе и цела фамилја, при тоа да ти се курчи (а некогаш и реално исполнува) со изолација и пропаст на твоето семејство, и ти да треба се тоа да трпиш само затоа што тој е батка од 150 кила . . .не знам дали би можел да ги исклучиш емоциите.
ГБ, одличен текст, скоцкан, концизен и јасен, ОДЛИЧЕН! ! !
Post a Comment