Патник во балон со топол воздух изгубил ориентација. Се спуштил малку пониско со балонот и здогледал една жена на земјата. Се спуштил уште малку и ја повикал:- „Извинете, можете ли да ми помогнете? Му ветив на еден пријател дека ќе се најдам со него, но не знам каде се наоѓам“.
Жената му одговорила:
- „Се наоѓате во балон кој користи топол воздух, на околу 10 метри над земјата, 41 степен, 7 минути и 1 секунда географска ширина, со 20 степени, 48 минути и 6 секунди географска должина“.
- „Вие мора да се инженерка“? - рекол човекот во балонот.
- „Да, сум“, потврдила жената, „но како тоа вие го дознавте“?
- „Па, сè што ми кажавте е технички коректно, но јас немам појма што да направам со тие информации, а факт е дека и понатаму не знам каде се наоѓам. Зборувајќи отворено, вие не ми бевте од никаква помош, туку само ми го продолживте патувањето“.
Жената на тоа му рекла: - „А вие мора да работите како менаџер“?
- „Да“, одговорил човекот од балонот, „но како тоа вие го дознавте“?
- „Па“, рекла жената, „ниту знаете каде сте, ниту каде одите. До оваа позиција сте стигнати врз база на големо количество топол воздух. Сте му ветиле нешто на пријателот, иако немате поим како ќе го исполните ветувањето, но сепак очекувате од луѓето кои се под вас да го решат вашиот проблем. Факт е дека сега се наоѓате во ИСТО толку изгубена позиција како и пред нашата средба, но сега јас некако испаднав крива за вашата состојба“!




1 comments:
Овој патникот е од оној балонот на Владата прикажан во рекламата за „бруто плата“, со која веднаш по нова година се најавуваше вртоглав раст на македонската економија?
Post a Comment