
Нова Македонија: Против одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основното образование вчера протестираа дел средношколците и студенти од државните универзитети.
- Дојдовме достоинствено да се спротивставиме на одлуката на Уставен суд, да застанеме со една цел, за подобрување на квалитетот на животот на младите луѓе - истакна портпаролот на средношколската унија Оливер Паб.
Александар Цветковски, член на извршниот одбор на Студентскиот парламент на Скопскиот универзитет, рече дека се собрале пред зградата на Уставниот суд за да го изразат разочарувањето од, како што додаде: „дисфункционалноста на оваа институција, која пополека но сигурно ја губи улогата како чувар на Уставот“.

Верските заедници можат задоволно да тријат раце и да не се грижат за својата иднина, кога имаат вакво граѓанство. Во една ваква идилична пред-талибанска средина, јас ќе ги поддржам во нивните
Така, ем ќе си ја зацврстат иднината, ем ќе си ја куртулат државата да не мора да им ја врши работата, бидејќи и онака образованието ни е во толку очајна состојба, што (според Уставниот суд) ни Господ не може да го поправи. Во меѓувреме, училиштата ќе можат да ги учат децата на попаметни работи отколку да бидат муџахедини, па за некоја година можеби и малите Македончиња ќе прават роботи како малите Јапончиња.
Дај му на Господ што е господово, и на царот што е царево.
--
Фотографиите се од Премин Портал.




1 comments:
Арно ама, во извештаите нема податоци колку луѓе всушност претставуваат тие организации...
Post a Comment