present.io е наменет за мултимедијални веб презентации кои ќе се одвиваат во реално време кај произволно голема група корисници, но кои не бараат никаква инсталација кај секој корисник посебно. А и кај администраторот е минимална подготовката: треба само да се додадат фајловите кои ќе се користат за време на презентацијата и да им се доделат права на учесниците (дали смеат да додаваат или бришат фајлови, на пример).
Секоја презентација има своја адреса, која се дава на учесниците. Штом сите ќе се соберат (еден до друг доберат), администраторот, односно презентерот, ја стартува презентацијата, по што секој учесник избира дали ќе се приклучи или не. Од тој момент натаму, тие во реално време ги гледаат и слушаат мултимедијалните фајлови кои ги пушта презентерот, додека истовремено можат и да разговараат меѓу себе, користејќи го прозорецот за chat. Ако се потребни повеќе презентери, на сите им се дава лозинката за администратор, по што ќе можат да си додадат свои фајлови и да управуваат со веб семинарот.

Бидејќи една голема мана на веб семинарите е неможноста да се разговара (со voice) додека трае настанот, сега секоја презентација си добива свој voice mail, но и бесплатна линија за конференциска врска! Добро, можеби за некои од нас тоа што бројот е од Америка не е многу корисно, но барем можноста постои. Освен тоа, денес има пакети, како на пример мојот „Call & Surf Comfort +“, со кој бесплатно се добиваат 10 часа месечно меѓународни телефонски разговори. А и да нема ваков пакет, просечен учесник пак може да си дозволи неколку минути разговор кон САД, имајќи пред вид дека сегашните цени на меѓународни разговори се и пониски отколку разговор на мобилен телефон (минута разговор кон САД е околу 12 денари).
Овој веб сервис базиран на drop.io е одлична бесплатна алатка за секој Интернет корисник или професионалец. Но, ако твоите апетити се поголеми од тоа што се нуди за џабе, односно ако си дел од фирма која често одржува состаноци, семинари и презентации, тогаш погледај ги и комерцијалните пакети, кои за одредена месечна кирија (почнува од 19 $/месец) нудат повеќе простор, но и дополнителни можности соодветни за твојот бизнис модел.




1 comments:
Drop.io го знам одамна, и ептен ми се допадан уште од сам почеток. Подоцна ептен се разви и стана уште подобар. Еве сега геледам дека идат уште понапред.
Не знам дали прават пари, ама знам дека заслужуваат :)
Post a Comment