Friday, May 01, 2009

Нека има веро-наука, штом сте запнале

Сведоци сме дека низ цела Македонија има несомнено мнозинство граѓани кои сакаат воведување веро-наука, барем ако се суди според реакциите на одлуката на Уставниот суд, со кој се укина веро-наука во државните училишта. Ученици, студенти, организации и здруженија на граѓани од секаков калибар непрестано се бунат, барајќи веро-наука за себе или за своите деца.

Прозорец или затвор?

Нова Македонија: Против одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основното образование вчера протестираа дел средношколците и студенти од државните универзитети.

- Дојдовме достоинствено да се спротивставиме на одлуката на Уставен суд, да застанеме со една цел, за подобрување на квалитетот на животот на младите луѓе - истакна портпаролот на средношколската унија Оливер Паб.

Александар Цветковски, член на извршниот одбор на Студентскиот парламент на Скопскиот универзитет, рече дека се собрале пред зградата на Уставниот суд за да го изразат разочарувањето од, како што додаде: „дисфункционалноста на оваа институција, која пополека но сигурно ја губи улогата како чувар на Уставот“.


Вера или слобода?

Верските заедници можат задоволно да тријат раце и да не се грижат за својата иднина, кога имаат вакво граѓанство. Во една ваква идилична пред-талибанска средина, јас ќе ги поддржам во нивните финансиско религиозно-мотивирани напори и ќе им порачам да го искористат моментумот: САМИТЕ да си организираат веро-наука, самите да си најдат простор (го имаат), наставен кадар (го имаат), бидејќи еве, барем јагниња божји имало со лопати да ги ринеш.

Така, ем ќе си ја зацврстат иднината, ем ќе си ја куртулат државата да не мора да им ја врши работата, бидејќи и онака образованието ни е во толку очајна состојба, што (според Уставниот суд) ни Господ не може да го поправи. Во меѓувреме, училиштата ќе можат да ги учат децата на попаметни работи отколку да бидат муџахедини, па за некоја година можеби и малите Македончиња ќе прават роботи како малите Јапончиња.

Дај му на Господ што е господово, и на царот што е царево.

--
Фотографиите се од Премин Портал.

Tuesday, April 28, 2009

Биолошка банка

Биолошка банка, или биобанка (biobank) е складиште на човечки органи. Колку и да звучи морничаво, се работи за еден од најважните начини за развој на современата медицина и наука воопшто. За прв пат биобанките се појавија пред 50 години, за во последните неколку години да доживеат огромна експанзија: во моментов постојат стотици биобанки во десетици земји.

Видео клипот подолу трае 11 минути и зборува за концептот на биобанките, собирањето и чувањето телесни органи, истражувањата во кои се користат примероци земени од биобанки, како и размислувањата на луѓето кои доброволно се пријавуваат и ги донираат своите тела (по смртта, секако) за одредена биобанка. Автор е WIRED Science, што му дава кредибилитет и е причина повеќе да го погледаш:



Се прашувам како би поминала оваа идеа во релативно конзервативната Македонија?

Линк: Biobanking.

Sunday, April 26, 2009

Инженери и менаџери

Балон со топол воздухПатник во балон со топол воздух изгубил ориентација. Се спуштил малку пониско со балонот и здогледал една жена на земјата. Се спуштил уште малку и ја повикал:

- „Извинете, можете ли да ми помогнете? Му ветив на еден пријател дека ќе се најдам со него, но не знам каде се наоѓам“.

Жената му одговорила:

- „Се наоѓате во балон кој користи топол воздух, на околу 10 метри над земјата, 41 степен, 7 минути и 1 секунда географска ширина, со 20 степени, 48 минути и 6 секунди географска должина“.

- „Вие мора да се инженерка“? - рекол човекот во балонот.

- „Да, сум“, потврдила жената, „но како тоа вие го дознавте“?

- „Па, сè што ми кажавте е технички коректно, но јас немам појма што да направам со тие информации, а факт е дека и понатаму не знам каде се наоѓам. Зборувајќи отворено, вие не ми бевте од никаква помош, туку само ми го продолживте патувањето“.

Жената на тоа му рекла: - „А вие мора да работите како менаџер“?

- „Да“, одговорил човекот од балонот, „но како тоа вие го дознавте“?

- „Па“, рекла жената, „ниту знаете каде сте, ниту каде одите. До оваа позиција сте стигнати врз база на големо количество топол воздух. Сте му ветиле нешто на пријателот, иако немате поим како ќе го исполните ветувањето, но сепак очекувате од луѓето кои се под вас да го решат вашиот проблем. Факт е дека сега се наоѓате во ИСТО толку изгубена позиција како и пред нашата средба, но сега јас некако испаднав крива за вашата состојба“!

Blog Archive

MK Blog Search


MAK Blog Search

Search through posts from Macedonian blogosphere.

MK Forum Search


MAK Forum Search

Search through posts from Macedonian forums.

Important Links

Macedonian Top Blog

Macedonian Folk Songs

Say: Macedonia

Posts @ Email

Site Statistics

Readers

Suggested

Ohrid@Flickr

Loading...