Денес лицето Б.Ц. и официјално се прости со новинарите, со коктел и монографија, како што му личи на секој кој држел толку „јака“ функција (башка не плаќа од свој џеб). Себеси се смета за успешен Претседател, иако авторот на текстов не може да се сети на ниедно негово достигнување вредно за спомен. Всушност, повеќето луѓе кои јас ги познавам за неговиот мандат сметаат дека е успех штом не направил некоја тешка глупост (помилувањето партиски другари не се смета за ТЕШКА глупост) од која со децении не ќе се извадиме. Но, има време, уште е млад, па можеби пак некогаш ќе се кандидира за Ел Президенте!Но засега, лицето Б.Ц. се враќа во токму истата фотелја во која беше додека Македонија се крчмеше толку многу, што од солидна куќа остана само карабина. Погодуваш, Лицето сака пак да се врати на позиција Шеф на Комуњарите, и бидејќи ништо од државата не остана за продавање, сега нас ќе нè продава. Абе, Господ да ни е на помош!
Ах, штом сме кај господовите работи, денес го чув овој виц:
Како се поздравуваа Комуњарите за Велигден?
- „Бранко се врати“!
- „Вистина се врати“!






